Што мајка бара Норвежанец во Иран?

Поранешниот норвешки премиер бил задржан на вашингтонскиот аеродром и испитуван од остроумните американски служби. Им станал сомнителен откако во пасошот виделе дека пред три години го има посетено Иран. Пасошот бил диплломатски. 

„Од самиот пасош од кој се геда дека сум бил премиер на европска земја требаше да им стане јасно дека не сум никаква закана за САД. Ама не им стана“, вели Кјел Магне Бондевик, на двапати премиер на Норвешка во периодот од 1997 до 2005 година..

Тој бил задржан на аеродромот во Вашингтон откако на службите им станало сомнително што еднаш бил и во Иран. Затворен чекал 40 минути заедно со останатите usual suspects од Блискиот исток и Африка а потоа 20-тина минути бил испрашуван за природата на неговата посета на Иран во 2014 година.

Му објасниле дека задржувањето се должи не на новиот указ на Трамп туку на закон потпишан од Обама кој воведува рестрикции и наложува претпазливост за лица кои ги посетиле седумте сомнителни земји. Бондевик вели дека последниве години без никакви проблеми влегувал во САД.

Екс премиерот на Норвешка го има посетено Иран заради конференција на која им држел говор за за човекови права.

 

4 февруари 2017 - 11:17