Кимберли Гилфојл поднесе оставка од функцијата амбасадорка на САД во Грција, откако тоа јавно од неа го побара Белата куќа поради бројни обвинувања за „несоодветно“, а можеби и незаконско однесување за време на нејзиниот мандат во Атина.
„Вршеше добра работа, но не ни се допаѓаше она што го читавме... Повеќе нема да биде таму“, изјави претседателот Трамп. Додаде дека Гилфојл никогаш не била дел од неговото семејство, иако со години му беше свршеница на неговиот син.
„Несоодветното однесување“ на Гилфојл опфаќаше закана до Грција, примање подароци и услуги, како и понуда да го искористи своето влијание во републиканската администрација во замена за плаќање на долг од 100.000 долари на кредитна картичка.
Апелациониот суд во Скопје донесе ослободителна пресуда за Бојан Јовановски - Боки 13 во предметот „Меѓународен сојуз“. Ослободен е од обвинението за измама и перење пари и преиначена е првостепената пресуда со која беше осуден на пет години затвор.
Случајот беше отворен во 2020 година. Боки 13 беше обвинет дека измамил двајца бизнисмени за проект за изградба на домови за стари лица, а потоа дел од парите ги искористил за финансирање на телевизијата „1ТВ“ и за лични потреби.
Во првичната постапка за случајот во 2022 година, Боки 13 беше осуден на 9 години затвор. Во 2024 година Апелациониот суд ја укина пресудата и предметот го врати на повторно судење, по што лани му беше изречена казна од 5 години затвор.
Јовановски беше осуден на девет години затвор за случајот „Рекет“. Апелација му ја намали казната на пет години. Отслужи четири години во „Идризово“, но доби привремен прекин на издржувањето на казната поради влошување на здравствената состојба и беше пуштен на слобода.
Брисел го предвидува јуни 2027 година како индикативен рок за потпишување на договор за пристапување на Црна Гора во Европската Унија, дознава „Јутарњи лист“
Европската комисија утре ќе ги објави временските рамки и последните чекори за евроинтеграцискиот процес на Црна Гора.
Според проценките во документот, Подгорица ќе ги затвори сите преостанати поглавја до крајот на оваа година.
До јуни би требало да биде изготвен договорот за пристапување, одобрен од сите 27 членки на ЕУ и од Црна Гора и преведен на црногорски и на сите официјални јазици на Унијата.
ЕУ нагласува дека оваа рамка е индикативна и не го предодредува исходот или брзината на преговорите.
Ова ќе биде последниот „извештај за напредок“ за Црна Гора. До нејзиното полноправно членство, Брисел ќе објавува „извештај за следење“. Во овој период, во случај на сериозно назадување од Подгорица, би можел да се активира механизмот за одложување на пристапувањето.