"Грешката" на Трудо беше веднаш "поправена" од канадските судови кои напаѓачот Александер Бизонет - инаку канадско-франкофонски нацист - го обвинија за повеќекратно убиство и обид за убиство, но не и за тероризам. Таквото обвинение всушност и не е изненадување. Норвешкиот нацист Андерс Брејвик исто така е обвинет за убиство (на 77 луѓе), а истото дело ја гонат и Беате Чапе, припадничката на нацистичката организација која уби девет луѓе од турско и грчко потекло за што снимаше и пропагандни цртани.
Сето ова не значи дека европските или северноамериканските држави не се склони кон покренување обвиненија за тероризам. Напротив, ретките преживеани напаѓачи за кои ќе покаже дека гледале пропагандни видеа од т.нр. Исламска држава или ал-Каида по правило одговараат за тоа казнено дело кое се третира потешко во однос на обично убиство. За Бизонет, според наводите на полицијата, утврдено е дека бил припадник на нацистичките групи. Неговиот напад всушност на големо е инспириран од она што го имаат извршено поклониците на споменатите "џихадистички" групи. Единствено што фали за неговиот чин да се карактеризира како тероризам е напаѓачот да биде муслиман, а жртвите да не бидат тоа. Овие западни правосудни-политички нелогичности се последица на прогласената "војна против тероризмот", кој нема линии на фронтот и нема дефинирани судрени страни, па овозможува одредени земји произволно да ги користат правните средства според потреба.
Претходно дефиниран како намерно целење на цивилното население заради предизвикување паника, тероризмот сега стана обележје кое се однесува исклучиво на делот со "недржавни актери" или дури и поединци кои се вклопуваат во сликата на "исламскиот напад врз Западот". Од друга страна, западните држави, а посебно САД, сопствените вонправосудни убиства или повеќегодишно лишување од слобода на цивилите без судење го третираат според военото право, при што секој цивил може да биде прогласен за непријателски борец. Исто така, нема никаков сомнеж дека ѕверските напади за кои одговорност презема т.нр. Исламска држава, претставуваат тероризам, но тој истовремено се храни со чувството за нерамноправност и неправди на западните "двојни аршини" и се оправдува како "нужна освета".
Во класичниот "маѓепсан круг", и двата тероризми (нацистички и џихадистички) просперираат на идејата за "судир на цивилизации" што ги создава, а попуштањата кои западното правосудство им ги нуди на нацистите во однос на џихадистите идеално се вклопуваат во тој наратив и даваат голема поддршка на растот на расно-верското мотивирано насилство.