Вести

Кралот е гол ама има полицајци

Црвените линии на извесен Сајмон Бенет, лидер на британската конзервативна партија во градскиот совет на Вулверхемптон, очигледно се исцртани околу критики за модата. Бенет му нагрбачил полиција на 15-годишно момче затоа што го исмејувал неговиот стил на облекување. Малиот го апселе четворица полицајци.

Како вештачката интелигенција ја проценуваа онаа на Трамп

Трамп често се фали со својата интелигенција – легендарни се неговите процени за себе дека е „навистина многу паметен“ и „многу стабилен гениј“, како и фалбите дека беспрекорно ги положил трите когнитивни теста. Седум различни модели на вештачка интелигенција добиле задача да му го измерат умот. Не е за фалење.

Европската автомобилска индустрија сама си ја копа дупката

Кризата во автомобилската индустрија во Европа не е само последица на кинеската конкуренција, слабата побарувачка и поскапата енергија. Производителите предолго инвестирале во мотори со внатрешно согорување, краткорочна профитабилност и дивиденди, а предоцна во производство на батерии, електрификација и развој на софтвер, заклучуваат економисти на Allianz.

Речник

Се претерува со дијагнозите за АДХД заради бенефиции

Системот за социјална помош во Британија е една од главните причини за огромното зголемување на бројот на дијагнози на аутизам и АДХД. Медицинските потврди отвораат порта кон финансиски стимулации, лични бенефиции и поддршка во училиштата и работните места. Ова има несакани последици, затоа што дијагнозата може да стане дел од идентитетот.

Американските тинејџери го отфрлаат ЛГБТ идентитетот

Анализа на неодамна објавените податоци од Центрите за контрола и превенција на болести покажува нагло опаѓање на бројот на млади тинејџери во Америка кои се идентификуваат како лезбејки, геј или бисексуалци. Меѓу девојчињата во деветто одделение бројките се преполовени. Политиката на администрацијата на Трамп веројатно има влијание, но не е единствениот фактор.

Оделото го откри Трамп колку му е Америка на прво место

Доналд Трамп даде уште еден повод да го викаат евтин лажов и лицемер откако за време на предизборен партиски митинг во Небраска, несакајќи откри од каде ги купува неговите костуми. Се работи за нискобуџетниот бренд Jos. A. Bank, кој ја произведува својата облека во земји како Кина и Бангладеш.

Русите со пари развија фобија од листата на Форбс

Листата на милијардери на Форбс стана „токсична“ за најбогатите Руси откако истата беше употребена од американските власти за составување на нивен официјален список на олигарси поврзани со Кремљ.

Анти-наталисти, екстремните вегани што мислат дека не треба да имате деца

Станува збор за следбеници на филозофијата дека човечките суштества се деструктивна сила за животинскиот свет на планетава и за самата планета, па затоа е морално погрешно да се креираат нови примероци на луѓе. Како што тие истакнуваат невозможно е фетусите да се прашаат дали сакаат да бидат родени, па имањето дете преставува натурање живот на друго суштество без негова / нејзина согласност.

Саудијците запленија 100 милијарди долари од обвинети за корупција

Кога минатиот ноември почна со масовни апсења на сè што му беше на список, саудискиот престолонаследник Мухамед бин Салман вети дека од уапсените ќе врати 100 милијарди долари во државниот буџет. По неколку месеци уапсените потпишаа дека враќаат 100 милијарди долари.

Три месеци во пеколот

Моментално во Берлин и во Есен над 1.000 луѓе по цел ден ги чешлаат содржините објавени на Фејсбук, и ги требат најодвратните или по која било основа недозволени текстови, видеа и слики што се постираат таму. Сведоштвото на еден поранешен вработен во овие центри Сидојче цајтунг го објавува под горниот наслов.

САД се наместија во невозможна позиција во Сирија

Откако успеаа да се спастрат и да ги фокусираат сите не-ИСИС и не-Асад сили на заеднички непријател, Американците во Северна Сирија се најдоа сред војна меѓу своите два најголеми сојузници на теренот: Турција и Курдите. Едните членка на НАТО, другите вооружени од НАТО и САД.

Како полигамијата започнува војни

Наспроти очекувањата што може да ги има човек со наша перспектива не се работи за војни по дома, меѓу двете, трите или колку и да се сопруги, тие живеат во мир и разбирање колку што е тоа можно, се работи за цели регионални вооружени конфликти.

Национализација за помирен сон

Американската администрација размислува државата да преземе дел од националната мобилна мрежа, конкретно 5Г мрежата. Предлогот за национализација бидејќи доаѓа од советниците на Трамп за безбедност, се води како мерка за заштита на американската мобилна мрежа од Кина.

Страва исцинка тајни воени бази

За тие што не знаат, Страва е една крајно лагодна и корисна фитнес апликација за мерење колку кардио (трчање, точак, планинарење...) си направил. Меѓу останатото на профилот што го води за тебе ти покажува мапа од секој твој „подвиг“. И сето ова е интересно, добро и корисно исклучиво ако не си војник кој решил да користи Страва додека прави кардио во воена база за која никој не знае дека постои, а не па каде се наоѓа и каков и е ГУП-от.

Џабе француска култура на 70% попуст на Нутела

Иако цивилизацискиот шамар што отворањето на Керфур ни го врза пред некоја година (кога бевме на раб да се одродиме меѓу себе заради неколку канчиња кисело млеко, банани или тоалет хартија) го лечиме со снимки од алчноста на американскиот Црн петок, крајно е утешно и Французите да се видат во сличен бес подгреан од попуст на „еуро-крем“.

Многу брзо го заборавивте Буш помладиот

Во време кога Трамп успева да ја ужаснува целата своја околина однесувајќи се како што се однесува 70 и кусур годишен богаташ кому сите претходни претседатели и влади му дозволувале да прави што ќе посака и да заработува во систем што го наместиле во корист на побогатите, Вил Фарел го воскреснува ликот на Џорџ Буш помладиот, на кого дури и криво му паѓа колку брзо сè му заборавиле.

Дами, дај да бидеме разумни околу #MeToo или веќе ништо нема да биде секси

Дами, ве молам. Беа ова интересни три месеци во кои работевме да спречиме малтретирањето и нападите да бидат скриени под тепих, и беше фино, секако, да ги гледаш вагоните осудени мажи како се тркалаат кон гилотината. Меѓутоа мислам дека сега мора да бидеме разумни и да престанеме пред уште некои добри мажи да почнат да страдаат, пред сите идни филмови да бидат лишени од таа некоја супстанца, таа возбуда, што им дава осетен сиров еротски набој, пишува Александра Петри во текст за Вашингтон пост.

Анти-ваксери, некст левел

Анти-ваксерите, како и секоја идеологија, не можат да застанат и да кажат доста е. Сега тврдат дека вакцините им штетат на животните. Иако е јасно дека аутизам не постои кај кучињата. А беснило и тоа како постои.

Кај што трева ќе удри, криминал не расте

Намалувањето на криминалот беше еден од аргументите кои се користеше во битката за легализација на марихуаната. Сега се имаат и првите податоци за тоа. Така е.

Трамп може да го посети Лондон, само ако сите се воспитани додека е таму

Човекот кој моментално раководи со САД како услов за службено патување во Лондон од британската премиерка побарал да им се забрани на сите да демонстрираат против него.

Роди ме мајко среќен и фрли ме на Титаник

Сторијата не е за преживеаните од бродот туку за пораснатите од филмот. Малото Ирче зема џепарац од филмскиот блокбастер и 20 години по објавување на филмот.

Роди се клон, клон умри

Иако денешниот доктор Франкенштајн има озбилна ПР машинерија зад себе, никој не треба да биде залажан од оние симпатични слики на малите клонирани мајмунчиња. Нив ги чека живот полн со болка и страдања и најдобро за нив ќе биде да им се скратат маките што порано.

Ти не можеш да доизгасиш колку што Гугл може да те следи

Благодарејќи на упорноста на Гугл да прошверцува некаков вид на следење во своите производи или апдејти, и тоа да го објасни дека е за твое добро или за поквалитетно искуство со мобилниот, компанијата има повеќе податоци за своите корисници отколку што тие мислат или сакаат да веруваат. Овие податоци можат да се користат за подобро рекламирање, ама подеднакво и ако им затребаат на властите.

Зошто сметам дека Законот за употреба на јазиците е лош

Затоа што:

- „Употребата на македонскиот јазик, како службен јазик е ПРАВО И ДОЛЖНОСТ на граѓаните на Република Македонија“ (чл. 2 ЗУМЈ). Оттука, секој граѓанин на оваа земја мора да го знае македонскиот јазик како основно комуникациско средство во рамките на една унитарна држава каква што е Република Македонија, а ЗУЈ, за жал, не само што не го предвидува тоа, туку и овозможува не секој граѓанин да го знае македонскиот, оти во секојдневната официјална комуникација би немал потреба од него;

Каква куќа, таква позајмица

Белата куќа од музејот Гугенхајм побарала да позајми една слика од Ван Гог. Овие им рекле дека не може сликата, ама имаат една златна веце шоља ако им врши работа. 

Ел Чапо вети дека нема да убива поротници, само го интересира како се викаат

Откако Мексиканците го уапсија, па им избега од затвор, па пак го уапсија, па пак им избега од затвор, Ел Чапо повторно заврши во затвор, само овој пат во американски, и таму чека да му судат.

Давос сардисан

Неколку швајцарски градови се под анти-капиталистички протести стандардни за сезоната на одржување на Светскиот економски форум, а кулминацијата се очекува во петок кога Трамп треба да пристигне во Давос.

Италија би да воведе закон против парламентарци-преселници

За следните избори во Италија се пријавени 98 партии и движења, и колку и да изгледа голема бројката ова е над 50% помалку од 219-те партии и движења кои беа пријавени на претходните избори. Сепак она по што последниот италијански парламентарен состав влегува во историјата е бројот на селења на пратеници од една во друга партија.

Фифти не сакајќи има 700 биткоини

Во 2014, кога излегува Анимал амбишн, Куртис Џексон ака Фифти цент, дозволува новиот албум да биде купуван и со биткоин. Во тоа време вредноста на биткоинот е неколку стотини долари.