Од продажбата Фифти има собрано околу 700 биткоини кои според денешната вредност на криптовалутата (11.286 долари) вредат 7,9 милиони долари.
Кога го објавува албумот во 2014, биткоинот се уште е маргинална „виртуелна валута“ која се обидува да се пробие. Во тоа време плаќање со биткоин прифаќаат Зинга (компанијата што го направи Фармвил), Делл, он-лајн продавницата за електроника Њуегг, и Микрософт.
Во времето кога тој го продава албумот биткоинот чини околу 600 долари. Веста дека албумот заработил 700 биткоини, ја објави ТМЗ и беше изненадување дури и за Фифти.
Во 2016-та Фифти, под своето родено име, Куртис Џексон, објави банкрот за да се заштити од сите побарувања што ги имаат кон него.