Ти не можеш да доизгасиш колку што Гугл може да те следи

Благодарејќи на упорноста на Гугл да прошверцува некаков вид на следење во своите производи или апдејти, и тоа да го објасни дека е за твое добро или за поквалитетно искуство со мобилниот, компанијата има повеќе податоци за своите корисници отколку што тие мислат или сакаат да веруваат. Овие податоци можат да се користат за подобро рекламирање, ама подеднакво и ако им затребаат на властите.

Гугл уште во 2009-та ја пушта апликацијата Гугл латитуд, чија цел е корисникот постојано јавно да им ја емитува сопствената локација на своите пријатели. Дел од оваа апликација е и „историја на локации“ функционалноста. Додека апликацијата веќе одамна е згасната, функционалноста „историја на локации“ е вклопена во некои од водечките производи на Гугл за Андроид.

„Иако таа не е активирана по дифолт или пак се бара нејзино активирање, вклучувањето на историја на локации е суптилно додадено во апликации како Гугл Мапс, Фотос, Гугл Асистент и главната Гугл апликација.

Тестирајќи на различни телефони, Кварц откри дека ниту една од овие апликации не користи ист јазик за да опише што се случува кога ќе биде вклучена историја на локации, и ниту една експлицитно не наведува дека вклучувањето ќе и дозволи на секоја Гугл апликација, не само на онаа што побарала дозвола, да ги користи  податоците за историја на локации,“ пишува Давид Јановски во текстот за Кварц.

Тие откриваат дел од податоците што тестираните уреди (различни производители со различни верзии на Андроид) ги испраќаат до серверите на Гугл кога е активирана историја на локации:

- листа на движења што телефонот мисли дека ги правиш, според веројатност (пешачење, возење велосипед, или автомобил).

- Барометарски притисок.

- Дали си или не си поврзан на ви-фи.

- МАК адреса - уникатната адреса на секој уред - од ви-фи уредот на кој што си поврзан.

- МАК адресата и силината на сигналот и фреквенцијата на секој ви-фи рутер во твоја близина.

- МАК адресата, идентификацијата, типот и две мерки за јачината на сигналот на секој активен Блутут во твоја близина.

- Колку е наполнета твојата батерија и дали твојот телефон во моментот се полни.

- Волтажата на твојата батерија.

- ГПС координатите на твојот телефон и прецизноста на овие координати.

- ГПС издигнување и неговата прецизност.

---------

- Целото истражување тука

- Како се гаси и брише историја на локации, тука

26 јануари 2018 - 13:08