Иако бројно најголемиот протест се одржаа во Цирих, Ројтерс јавува дека еден од најжестоките протести бил во Давос, каде демонстрантите во судир со полицијата го пробиваат безбедносниот кордон и стигаат до конгресниот центар. За кратко време, полицијата успева да преземе контрола врз ситуацијата, а демонстранти што се протнале да ги уапси.
Иако не се знае точната бројка на демонстранти во алпскиот центар, моментално во Давос има повеќе од 4.000 припадници на швајцарската армија и 1.000 полицајци. Во мирнодопски услови Давос има околу 11.000 жители.
Освен пешадија над Давос моментално е воведена и зона забранета за летање.
За безбедноста на форумот се задолжени властите од матичниот кантон на Давос, а во тоа можат да побараат помош од швајцарските вооружени сили.
Само распоредувањето на швајцарската војска за обезбедување на Давос во изминатите изданија на форумот чинеше околу 28 милиони долари годишно. На ова плус е сумата за останатото обезбедување на форумот која изнесува околу 8 милиони долари.
Доколку нивото на опасност се зголеми на 2 или на 3, сумата за обезбедување ќе биде значително зголемена.