25 годишниот Рис Томпсон денес е директор за дигитален маркетинг во еден скијачки центар во Јута. Пред 20 години мајка му го носи на кастинг на филм, немајќи идеја дека филмот ќе стане еден од најголемите мега-хитови на сите времиња и втор по заработка во историјата на филмскиот бизнис со укнижени 2,2 милијарди долари (прв е Аватар).
Петгодишниот Рис ја добива улогата на малото ирско момче кое во филмот настрадува заедно со мајка му и сестра му. Не памти многу детали од снимањето, се сеќава само на проблемите да го погоди ирскиот акцент.
Настрана основниот хонорар за филмот, благодарејќи на финансискиот успех на Титаник Томсон зема пари за улогата сиве овие 20 години. На почетокот биле илјадници, сега се помалку. Најмногу пари земал кога се издавале верзии на филмот во нови формати.
Сè на се, од снимањето на филмот во 1997 година па до сега, тој на име тантиеми за Титаник земал околу 30.000 долари кои ги искористил главно за образование. Последните години чековите му се на 200-300 долари годишно.