Каква куќа, таква позајмица

Белата куќа од музејот Гугенхајм побарала да позајми една слика од Ван Гог. Овие им рекле дека не може сликата, ама имаат една златна веце шоља ако им врши работа. 

Белата куќа испратила барање до музејот за позајмување на сликата на Ван Гог од 1889 година „Пејсаж со снег“. Кураторката на Гугенхајм љубезно го одбила барањето, но понудила замена - златната шоља на Маурицио Кателан, инсталација која се наоѓа во музејот од пред две години.

„Доколку претседателот или првата дама имаат интерес да ја инсталираат, ние сме подготвени да ви ја позајмиме на подолг рок“, навела во одговорот Ненси Спектор.

Додала дека златната шоља е целосно функционална и дека музјеот би ја испратил со комплетно упатство за инсталација и користење. Белата куќа уште не одговорила на оваа 18 каратна понуда на Гугенхајм.

Патем, шољата на Кателан се вика „Америка“.

 

26 јануари 2018 - 10:56