Многу брзо го заборавивте Буш помладиот

Во време кога Трамп успева да ја ужаснува целата своја околина однесувајќи се како што се однесува 70 и кусур годишен богаташ кому сите претходни претседатели и влади му дозволувале да прави што ќе посака и да заработува во систем што го наместиле во корист на побогатите, Вил Фарел го воскреснува ликот на Џорџ Буш помладиот, на кого дури и криво му паѓа колку брзо сè му заборавиле.

Додека Трамп година и кусур речиси секојдневно ја презентира својата неисцрпна лепеза на арогантно размазени богаташки потези и однесување, насобрана сите овие години стаж како арогантен размазен богаташ, надополнета со навреди, расправии, омаловажување и исконска негрижа кон загрозените и послабите, во американскиот меинстрим полека почна да се крева рејтингот на Џорџ Буш помладиот.

За разлика од Трамп чие однесување е налик пребогато невоспитано дериште, Буш беше далеку повоспитан и повнимателен владетел на Соединетите Американски Држави.

Токму ваквото домашно воспитување и тоа што немаше Твитер профил, е причина да се заборави дека Буш започна две војни, кои траат и ден денешен, во кои загинаа милиони муслимани цивили и илјадници американски војници, од кои произлезе ИСИС и доведе до последователен масакр на Блискиот исток и бегалска криза што ја измести Европа; тотален крах на економијата, американска и глобална; плус Чејни.

Вил Фарел во својата изведба за СНЛ прецизно го забележува опусот на злосторства што некако му е простен или барем заборавен на последниот Буш што беше претседател на САД.

 

Коментар околу блаженото присеќавање на Реган на републиканците:

 

29 јануари 2018 - 12:01