Со оглед на фактот дека поголемиот дел од марихуаната која се консумира во САД е дојдена преку Мексико од каде по разни линии се криумчари од седум тамошни картели кои го делат бизнисот, истражувачите сакале да дознаат како новата легислатива влијае врз стапките на криминалот.
Во американските федерални држави во близина на границата со Мексико во кои марихуаната е легализирана за медицински употреби, криминалот поврзан со овој производ е намален во просек за 13%, обелоденува студија објавена во Економски журнал. Најголем пад од 15% забележува Калифорнија.
Економистката Велина Гаврилова, која е автор на студијата, објаснува дека новите прописи на фармерите им создаваат услови легално да одгледуваат марихуана и легално да ја продаваат на надлежните диспанзери, што значи дека има помалку побарувачка од онаа марихуана на картелите. А колку картелите се помалку активни, толку криминалот опаѓа.
Во некои американски држави марихуаната е легализирана не само за медицински туку и за рекреативни цели. Такви се Алјаска, Калифорнија, Орегон, Меин, Вашингтон и Невада и таму е дозволено секој со наполнети 21 година да одгледува до шест стебленца канабис но наоколу да не ака со повеќе од 28 грама.
Последните проценки велат дека до 2025 година бизнисот со марихуана ќе достигне најмалку 28 милијарди долари годишно, што е прилично голем скок во однос за 6,6 милијарди годишно колкав што беше волуменот во 2016.
„Кога ефектот врз криминалот е толку значаен, очигледно е дека е подобро марихуаната да ја регулираш и да им дозволиш на луѓето да плаќаат данок за неа отколку да ја оставаш илегална. За мене, нема никаква дилема дека таа треба да биде легална и регулирана а даноците од неа да завршуваат во државниот буџет“, вели за Гаврилова за Гардијан.