Муабетот деновиве го открива Блумберг, а инаку е од 2017. Станува збор за телефонски разговор меѓу лидерите на САД и Британија во кој „за Меј е речиси невозможно да направи каков било напредок или да ги искаже своите ставови.“
Блумберг цитира извор запознаен со целата работа, кој изјавува:
„Трамп комплетно доминира во дискусијата, оставајќи и на премиерката да зборува пет до десет секунди пред тој повторно да ја прекине и да започне нов монолог.“
Трамп и се пожалил на Меј и заради критиките што ги добива од британските весници.
„Заради предупредувањата дека ќе се соочи со протести на улица кога ќе пристигне, тој и порачал на премиерката дека нема да ја посети Британија се додека таа не му вети топло добредојде (вклучително и на улица).
Меј одговорила дека тоа е едноставно начинот на кој функционира британскиот печат, и дека не може да му помогне околу тоа,“ пренесува Блумберг.
Пред некој ден, неколку месеци по разговорот, Трамп ја откажа генерално очекуваната посета на Британија по повод отворањето на новата американска амбасада во Лондон, моментално најскапото дипломатско претставништво на САД. Како причина за недоаѓањето тој го наведе (го твиташе) несогласувањето со договорот што Обама го потпишал за продажба на претходната американска амбасада во Лондон.
И покрај тоа што поканата за посета уште стои, британските власти не очекуваат дека тој во скоро време ќе ја прифати, или воопшто дека ќе ја прифати.
Се уште не е извесно дали Трамп ќе добие покана за свадбата на принцот Хари и дали ќе ја испочитува.