Вести

Како вештачката интелигенција ја проценуваа онаа на Трамп

Трамп често се фали со својата интелигенција – легендарни се неговите процени за себе дека е „навистина многу паметен“ и „многу стабилен гениј“, како и фалбите дека беспрекорно ги положил трите когнитивни теста. Седум различни модели на вештачка интелигенција добиле задача да му го измерат умот. Не е за фалење.

Европската автомобилска индустрија сама си ја копа дупката

Кризата во автомобилската индустрија во Европа не е само последица на кинеската конкуренција, слабата побарувачка и поскапата енергија. Производителите предолго инвестирале во мотори со внатрешно согорување, краткорочна профитабилност и дивиденди, а предоцна во производство на батерии, електрификација и развој на софтвер, заклучуваат економисти на Allianz.

Се претерува со дијагнозите за АДХД заради бенефиции

Системот за социјална помош во Британија е една од главните причини за огромното зголемување на бројот на дијагнози на аутизам и АДХД. Медицинските потврди отвораат порта кон финансиски стимулации, лични бенефиции и поддршка во училиштата и работните места. Ова има несакани последици, затоа што дијагнозата може да стане дел од идентитетот.

Речник

Американските тинејџери го отфрлаат ЛГБТ идентитетот

Анализа на неодамна објавените податоци од Центрите за контрола и превенција на болести покажува нагло опаѓање на бројот на млади тинејџери во Америка кои се идентификуваат како лезбејки, геј или бисексуалци. Меѓу девојчињата во деветто одделение бројките се преполовени. Политиката на администрацијата на Трамп веројатно има влијание, но не е единствениот фактор.

Оделото го откри Трамп колку му е Америка на прво место

Доналд Трамп даде уште еден повод да го викаат евтин лажов и лицемер откако за време на предизборен партиски митинг во Небраска, несакајќи откри од каде ги купува неговите костуми. Се работи за нискобуџетниот бренд Jos. A. Bank, кој ја произведува својата облека во земји како Кина и Бангладеш.

Трамп ги отвори секташките рани на Блискиот Исток

Доналд Трамп неодговорно си поигрува на Блискиот Исток со сили кои не ги разбира, што може да доведе до катастрофални последици. Ги разгоре длабоките секташки тензии вкоренети во Либан, Сирија и Ирак, па сè до Јемен и Бахреин на другиот брег на Заливот. Нови граѓански војни ќе испратат нов бран бегалци кон Јордан и Турција, а потоа и кон Европа.

Многу брзо ги заборавивте 500.000 ирачки жртви

Најновото освежување што го доби ликот и делото на Џорџ Буш помладиот беше наградата од Атлантскиот совет за Истакнато меѓународно лидерство. Наградата е за борбата на Буш против ХИВ/СИДА во Африка во времето кога е претседател.

Британија во здрав мозок

Британската влада во јули ќе биде домаќин на самит на тема зошто останатите земји од Европа ТРЕБА да ѝ се приклучат на Европската Унија. Британската влада!

Згради за стока

Идејата звучи како да може да дојде само од Кинез, ама напротив прво пробана е во Европа и не успева баш најдобро, па сега Кинезите решаваат да ја унапредат и прошират - чување свињи во згради.

Женско достоинство, Клинтонови и Моника Левински

Во средата Бил Клинтон го отвара Таун енд кантри филантропскиот самит во Њујорк. Неколку дена претходно, организаторот на самитот решава да повлече една од поканите што ја испратил, онаа на Моника Левински.

Бубачките не се геј, трупови се

Бубачките со чифте сексуално однесување не е дека преферираат да се сексаат со припадници на истиот пол. Едноставно, кога е во прашање секс, во некои ситуациии не се најкомпетентни да изберат партнер.. 

Елон Маск цело ова време ровари под Лос Анџелес

По подолго време минато само со слика од дупката што ја направи на паркингот на својата компанија кога најави дека ќе почне да копа тунели, Маск на Инстаграм го апдјетуваше светот за прогресот на проектот за тунели под Лос Анџелес.

Непрофитниот сектор вреден милијарди долари

Слејт 90 е список на 10-те најголеми непрофитни организации по приходи во секој од деветте различни непрофитни сектори што ги одредува американското УЈП. Парите што се донираат во непрофитни организации се еден од начините за ослободување од данок, односно пари кои инаку (по правило) би требало да завршат во буџетот на земјата.

Вива Лас Вегас, индид!

Лас Вегас на почетокот на јуни ќе се обиде да сруши еден рекорд поставен од Јапонците. Тие пред 12 години собраа 500 луѓе, овие планираат да пукнат барем илјадарка. Самци СТОП.

Меркел: Европа веќе не може да биде штитена од САД

Европа ја повтори изјавата од лани, дека Европа ќе мора да ја земе судбината во свои раце, изјава која сама по себе беше незамислива пред едно 5-6 години. Сега кога САД и Израел се приближуваат кон воена конфронтација со Иран, тоа прашање станува прилично важно за нашиот континент.  

Нe да сме сиромашни, на земјава не ѝ се исплати што нè држи

За да бидеш во најбогатите 1% во САД потребно е да живееш во домаќинство кое има приходи од над 430.000 долари годишно, и заради недостижноста тоа и не е некоја метрика која нè потресува. Проблемот е со најсиромашните, кои пак изгледаат далеку.

Веројатно побрзо ќе ти стигне кокаин до дома отколку пица

Доставата на кокаин директно до пред врата е побрза отколку доставата на пица. Барем така тврдат луѓе.

Како да контролираш 1,4 милијарди луѓе

До 2020 секој жител на Кина мора да биде дел од системот за општествен кредит, кој веќе ќе го индексира речиси секој потег на граѓаните (што до сега се пријавени) од неплатена сметка до убиство.

Па и не е страшно децата да не знаат да гледаат на часовници

Освен што веројатно ви помогна да сфатите колку сте стари и колку немате врска што и како се случува кај дечурланава, веста дека деца не знаат да гледаат на часовник со стрелки е веројатно подеднакво страшна колку тоа што вие никогаш ја немате совладано вештината на гледање на сончев часовник или да смените лента на машина на пишување. Просто, никогаш во животот не сте се нашле во ситуација да ви затреба такво нешто.

Иран и Европа, кои им се опциите?

Одлуката на Трамп да го прекрши и еднострано да се повлече од иранскиот нуклеарен договор е одлука со најдалекусежни последици која тој досега ја има донесено. Таа ќе повлече големи економски последици врз Иран, врз глобалната трговија со нафта, ќе ги усложни односите на САД со европските сојузници а можно е Иран да реши нуклеарно да се опушти па да стане ептен 'весело'.

Писмо до ќерка ми за црната магија на банкарството

Како што ќе растеш и минуваш повеќе подеми и падови на економијата, ќе забележиш една несфатлива хипокризија: кога времињата се добри, банкарите, бизнисмените - општо богатите луѓе - обично се против власта. Ја критикуваат како „кочничар на развојот“, и „паразит“ кој се храни од приватниот сектор преку даноци, и „непријател на слободата и бизнисот“.

Дома е кај што си цар

Досега 'цар' беше оној кој заради помал данок, покрај сите оние силни милиони и медиумски империи, имаше најдено време својата куќа да ја регистрира како планинарски дом. Ви текнува? Ама овој е појак, и е цар без наводници.

Виктор Фридман: Грците се многу несигурни

Не постои реален компромис. Не може да постои. Размислете. Доколку ви дојде крадец и ви впери пиштол во глава, велејќи “Дај ми ги парите”, дали вие ќе му речете: “Ќе ти дадам половина” и тоа ќе го наречете компромис? Тоа е Грција. Тие се обидуваат да го уништат македонскиот идентитет, просто и јасно.

Гугл, одјеби

Пораката до гигантот е од еден од моментално најживите градови во Европа, Берлин, каде локалците се организираат против Гугл како во парк да ќе им отвораат Чернобил 2, а не кампус на една од најбогатите и најнапредни компании во светот.

МиТу се бетер лицемери од ЈуТу

На Боно, со лично богатство од 560 милиони долари, полна му е устата со гладните од светот (и плус со приватен авион доаѓа по еко-конференции да мудрува за загаденоста на атмосферата). Ама тоа не е ништо во однос на ударната тупаницата на движењето #MeToo, кој не се приземји, туку тресна на земја за само три часа. 

Мрачната страна на блокирањето реклами

Блокирањето банери на интернет е тема на остра дебата уште од кога се појавува екстензијата Адблок во 2002. Во тоа време, таа е само мал страничен проект. Од тогаш, користењето на ад-блокери експлодира, и во декември 2016, 615 милиони уреди на интернет имаат блокирано реклами.

Возилото на Убер само му пресудило на пешакот

Во фаталната сообраќајка од крајот на март годинава автономното возило на Убер детектирало дека пред себе има пешак, ама избрало да не застане.

Ганс енд роузис скратија од барутот и трњето

Во реиздание на нивен албум од 1988 година, групата реши да изостави една песна заради спорниот расистички и хомофобен текст. На времето не им беа јасни „имигранти и педери“, сега им се разјаснило. Слеш викаше дека не жали за песната туку за тоа што сè минале заради неа.  

Не е сеедно кога се работи за јазикот

Францускиот претседател е гневен што и покрај брегзит и покрај сите негови лични напори, англискиот ќе остане главен јазик во повеќејазична ЕУ и по заминувањето на Англија и остатокот од Британија.

Колку загадуваат твоите пребарувања на Гугл

Само затоа што нешто е во облак не значи дека облакот работи на убави мисли и позитивно расположение, туку работи на илјадници сервери кои работат на струја, а Гугл има 3,5 милијарди пребарувања дневно што овие сервери треба да ги обработат, со помош на струја.