На клипот, веројатно намерно со компир квалитет, засега непознато возило минува дел од тунелот што е ископан и спастрен со шини, струја, бетонски ѕидови и останата инфраструктура.
Целото дејствие е ставено на забрзано и не е познато колкава дистанца минува возилото.
Во текстот под објавата, Маск пишува дека по завршување на тунелот, тој ќе биде отворен за јавноста:
„Првиот тунел на компанијата Боринг под ЛА речиси е готов! Сега ги чекаме само регулаторните одобренија, и за неколку месеци на јавноста ќе почнеме да и нудиме бесплатни возења.“
Тој најави дека кога ќе биде и официјално пуштен во употреба, системот „ќе ги приоретизира капсулите за пешаци и велосипедисти“ за кои превозот ќе биде поефтин отколку автобуска карта.
Целта на овој проект е мрежа на тунели под градот преку која на електрични платформи ќе се превезуваат автомобили, велосипедисти и пешаци.
Маск искоментира и за напредокот на Хиперлуп системот со кој планира да ги поврзе големите американски градови. Веќе е почната работата на линијата Вашингтон - Њујорк, а на линијата Лос Анџелес - Сан Франциско ќе се почне со работа во 2019.
Што всушност сака да постигне Маск во Лос Анџелес: