Меркел: Европа веќе не може да биде штитена од САД

Европа ја повтори изјавата од лани, дека Европа ќе мора да ја земе судбината во свои раце, изјава која сама по себе беше незамислива пред едно 5-6 години. Сега кога САД и Израел се приближуваат кон воена конфронтација со Иран, тоа прашање станува прилично важно за нашиот континент.  

Германската канцеларка им порача на своите европски колеги дека веќе нема да може да се смета на заштита од воениот чадор на САД и дека Европа ќе мора да ја земе судбината во свои раце.

Ова е репризно и засилено издание на нејзината минатогодишна реакција, кога Трамп ја најави својата надворешно- политичка парадигма „Америка на прво место“ (убер алес, што би се рекло на германски).

„Ситуацијата е таква што веќе не можеме да сметаме дека Америка ќе нè заштитува“, изјави Меркел на церемонијата во чест на Макрон во германскиот град Ахен.

Меркел предупреди дека многу глобални конфликти се случуваат во предворјето на Европа и дека иако земјите од ЕУ постигнале прогрес на полето на заедничката одбрана, ситуацијата на таа тема сè уште е во незрела фаза.

 

11 мај 2018 - 11:00