Таг: меркел

Крајот на трансатлантската шарада

Безбедносната конференција во Минхен беше моментот во кој Европа и Трамп престанаа пред јавноста да се преправаат дека се почитуваат еден со друг.

Меркел: Европа веќе не може да биде штитена од САД

Европа ја повтори изјавата од лани, дека Европа ќе мора да ја земе судбината во свои раце, изјава која сама по себе беше незамислива пред едно 5-6 години. Сега кога САД и Израел се приближуваат кон воена конфронтација со Иран, тоа прашање станува прилично важно за нашиот континент.  

Дали ЕУ ја има освоено територијата источно од Елба?

Римските императори не се осмелувале да прегазат источно од Елба. Исто и Карло Велики. Векови подоцна, иако е денес река која минува низ една  земја, источно од неа луѓето се поблиски до некогашните идеолошки браќа од комунизмот, отколку од сегашните браќа по националност. 

Драмата околу организацијата на погребот на Хелмут Кол

Договорено е дека германскиот канцелар Хелмут Кол ќе биде испратен во ковчег покриен со знамето на ЕУ на голема европска комеморација која ќе почне во Стразбур, и на која говори ќе држат Меркел, Макрон и Јункер. За малку ништо од ова немаше да се случи, и наместо овие говор ќе држеше Орбан.

Трамп на Меркел ѝ испринтал фактура колку должи за НАТО

Сите се колнат во НАТО, ама никој не сака да плаќа за него (слично важи и за ОН). Ама онаа будалетинка Трамп баш тоа ѝ го приредил на Ангела Меркел. Направил фактура колку Германија има заостанат долг кон алијансата и ѝ ја предал. А долгот е боли глава.

Ако ние ги затвориме границите, ќе има војна на Балканот

Бранејќи ја својата политика за отвореност кон бегалците, германската кацеларка Ангела Меркел предупреди на формулата од која многумина сè повеќе страхуваат.