Американските служби на Трамп му пресметале колку помалку платила Германија за НАТО во последниве 12 години, ја додале стандардната камата и тој таа фактура лично ѝ ја предал на германската канцеларка.
Под цртата стои сума од - 377 милијарди долари!
Земјите од НАТО во 2014 се обврзаа да трошат 2% од нивниот БДП на одбрана. Тоа реално го прават само шака земји - Велика Британија, Полска, Естонија и Грција. Но фактурата на Трамп оди и нешто порано, од времето на претходникот на Меркел, Герхард Шредер, кој се обврза Германија да одвојува повеќе за потребите на воената алијанса.
300 милијарди долг, плус 70-тина милијарди камата = 377 милијарди долари. Тоа Трамп го испечатил и ѝ го дал на Меркел, што комплетно ја шокирало и стаписало целата германска делегација. Неименувани извори во Бон го оценуваат ваквиот потег на Трамп како скандалозен и најавуваат дека нема да реагираат на тоа бидејќи го сметаат за провокација.
А мислевме дека главен скандал од средбата беше што Трамп одби да се ракува со Германката.
Една од германските реакции на фактурата: