Тензии веќе има во земјите на западниот Балкан и не сакам таму да дојде до воени судири, изјави Ангела Меркел на собир на нејзината Христијанско- демократска унија во Дармштат.
Многумина предупредуваат дека ако Германија како главна крајна дестинација ја затвори границата кон Австрија, тоа ќе предизвика верижна реакција надолу што во крајна линија ќе доведе до драматична експлозија на Балканот.
Меркел изјави дека не сака да биде гласник на лоши вести но дека ескалацијата на ситуацијата во насилство може да дојде многу побргу отколку што многумина мислат.
Таа констатираше дека унгарската граница кон Србија ќе изгради и линии на раздор меѓу народите кои во 90-тите години едвај излегоа од крвавите граѓански војни.