Опциите на Иран:
- Краткорочно, Иран може да каже дека ќе продолжи да го почитува договорот од кој излегоа САД. На тој начин меѓународно ќе ги портретира Американците како единствени виновници и ќе го однесе случајот пред заедничката комисија која го менторира договорот.
Сепак, тој договор постигнат во Виена во јули 2015, не може фалично да функционира на долг рок. Иранскиот претседател Хасан Рохани порача дека неговата земја ќе го почитува потпишаното сè додека економските интереси им се гарантирани од Европа.
Ричард Нефју, експерт за санкции кој има учествувано во преговорите со Иран вели:
„Не гледам како Европејците можат комплетно да ги компензираат Иранците.... ако вториве не се спремни да ги компензираат европските компании кои ќе бидат оштетени од американските санкции“.
- Иран може да фати средна линија, ниту комплетно да се држи до договорот кој ја слабее неговата воена моќ ама да не ја зголеми активноста до толку да ќе предизвика консензуална меѓународна реакција.
- Најекстремен чекор би бил да се повлечат од Договорот за неширење нуклеарно оружје и да ги набркаат меѓународните посматрачи. Ако фати со спринт, проценките велат дека до бомба ќе дојде за една година.
Но, ваквиот чекор би ги обединил САД и ЕУ а на Трамп и Нетанјаху ќе им даде за право да кажат: Ви рековме?
Настрана што во сите овие сценарија сосема е можно да настрана Рохани кој вложи голем политички капитал во договорот со САД и наместо него да дојде некој кој е далеку помалку предвидлив за сценарија.
Опциите на Европа
- Европските компании и банки кои работат со Иран би можеле да бидат мета на секундарни американски санкции па да мораат да го дислоцираат бизнисот за да избегнат пенали. Германија, Франција и Велика Британија можат да се повикаат на меѓународни регулативи за блокирање на таквите санкции но тоа би создало сериозен транс-атлански процеп.
- Европа може да му се придружи на Трамп, да се повлече од договорот и да најави свои санкции. Засега, одбиваат таква опција, но можно е таа да стане реална ако Иран реши да нагази со нуклеарната програма.
Во моментов Европа е фрлена на „панична дипломатија“, додека американските санкции не стапиле во сила, за евентуално да се спаси нешто, ако може да се спаси.
Долгорочни ефекти
Сето ова ќе влијае врз глобалниот нафтен пазар, но веројатно не до толку како во времето на санкциите од 2011. За комплетирање на новите ќе бидат потребни 6 месеци а најголемиот купувач Кина и други азиски земји ќе продолжат да купуваат иранска нафта.
Ако Иран продолжи со нуклеарниот програм без ограничувања, извесна е воена акција на САД.
„Би можеле и малку да се вразумиме и да преговараме... иако евентуален нов договор со Иран нема да биде толку добар колку оној што го имавме“, вели Нефју.