Кога заедницата е полна со женски, многу поголеми се шансите машките бубачки да се впуштат во хомосексуални односи. Обратно, кога нивната заедница е доминантно машка и женските ги има малку, главно бираат женска за партнер.
Ова открива студија на Универзитетот од Источна Англија која заклучува дека кога постои помал притисок да се најде партнер за парење, бубачките просто прават повеќе грешки, бидејќи во таква ситуација, грешката има помала репродуктивна цена (лаконски: кога женски има многу, ти станува сеедно).
Водачот на истражувањето Крис Сејлс објаснува:
Во доминантно машки заедници, машките бубачки се многу покомпетитивни во наоѓањето женски и нивно ефикасно оплодување. Од друга страна, во доминантно женските заедници, многу е веројатно машките да имаат рандом секс со кого стигнат. Се чини дека во вакви друштва, машките ја имаат изгубено способноста да разликуваат машки од женски партнери“.
Сејлс потсетува дека се работи за светот на бубачките и дека нивниот заклучок не треба да се воопштува на животни со посложени когнитивни функции и социјални структури како што се птиците или цицачите.