Иако пешакот бил фатен од сензорите, возилото затоа што било програмирано да ги игнорира потенцијалните „лажно позитивни“ сигнали, односно работи на патот кои не би му посметале (како пластична кеса) решило да продолжи. Проблемот е што овие подесувања во Волвото на Убер биле наместени премногу високо.
Компаниите можат да ги штелуваат своите возила да бидат повеќе или помалку внимателни кога маневрираат околу пречки на патот. Конкретното возило најверојатно било тестирано за зголемена удобност на возачот и патниците, што во пракса значи да не кочи нагло (или воопшто) на неважни пречки на патот.
Инаку и понатаму трае истрагата на Убер и Националниот борд за безбедност во превозот околу сообраќајката во која автомобилот на Убер ја усмрти 47-годишната Елејн Херцберг.
Претходно, производителот на ласерскиот радар задолжен за следење на околината на возилото објави дека нивниот производ комплетно си ја заврши работата, и дека пропустот е кај некој од другите системи кои требало да реагираат во врска со информацијата што ја примиле.