Минатата недела автономно тест-возило на УБЕР ја усмрти 49-годишната Елејн Херцберг од Аризона додека минуваше улица. Во време на несреќата возилото имаше и возач кој не управувал со него. Иако уште се утврдува кој систем крахирал и довел од несреќата, производителот на сензорите тврди дека не е до нив.
Дали е подобро да згазиш жена и дете или млад брачен пар, е типот на дилеми што ги имаше на тестот за морални судии од пред некој ден (тука), а во исто време и дилема за која самоуправувачките автомобили ни најмалку не се заинтересирани.