Претседателката Велодајн Лидар, производителот на специјалниот ласерски радар кој му помага на автономното возило да ја „гледа“ околината, тврди дека компанијата не верува дека нивната технологија направила пропуст и дозволила возилото да удри во 49-годишната жена.
Марта Томас Хол објаснува дека Лидар системот е целосно способен јасно да ја забележи Елејн и нејзиниот велосипед во кобната ситуација, и тука некаде завршува одговорноста на нивниот систем, бидејќи „Лидар не ја носи одлуката дали ќе се закочи или таа ќе се избегне.“
Иако несреќата се случува ноќно време, тоа не е никаков проблем за нивниот сензор, и за тоа компанијата гарантира. Она за што не можат да гарантираат е колку сензори вечерта имало на автомобилот, кој од нив биле користени, и како остатокот од системите ги интерпретирал и ги користел податоците што ги добивал од сензорите за да донесе одлука.
Ставот на Хол е дека одговорите за ова треба да се бараат во Убер, а не во Велодајн.