Минатата недела автономно тест-возило на УБЕР ја усмрти 49-годишната Елејн Херцберг од Аризона додека минуваше улица. Во време на несреќата возилото имаше и возач кој не управувал со него. Иако уште се утврдува кој систем крахирал и довел од несреќата, производителот на сензорите тврди дека не е до нив.