Филозофскиот проблем е тема на дебата меѓу луѓето кои сакаат да зборуваат околу технологија, ама за луѓето што работат на создавање на автономните возила ова не е ни најмалку занимливо.
Дилемата се базира на "проблемот со количката," во кој рударска количка вози по шини кон 5 луѓе, бидејќи е вон контрола единствен начин да ги спасиш луѓето е да ја пренасочиш на други шини, на кои има само еден човек. Дали би спасил 5 луѓе по цена намерно да убиеш еден човек? Дилемата има разни варијации од типот што ако тие петмина се на возраст од над 80 години, а тој едниот има 20? Што ако не се пет луѓе туку 500 мачиња?
Кога проблемот кој и ти самиот не можеш со одлучност да го решиш го префрлаш на автономно возило, што во основа значи во рацете на програмери од Калифорнија, донекаде ја разбираш паниката во сите расправии на темата.
Од друга страна, инженерите во Икс, компанијата на Гугл што најактивно работи на развивање на автономни автомобили, саркастично коментираат "обожуваме да збориме за проблемот со количката."
"Главната работа што треба да се знае дека допрва треба да се сретнеме со еден од овие проблеми. Во сите наши тестирања, никогаш не сме биле во ситуација во која мора да избереш меѓу бебе во количка или баба. Дури и да имаме такво сценарио, тоа би значело дека грешката настанала неколку секунди претходно. Па, како морален програмер кој доаѓа на работа во канцеларија, кој сака да спаси животи, моја цел е да спречам воопшто да се најдеме во таква ситуација, бидејќи тоа наведува дека ние претходно веќе сме згрешиле.
Иако крати од интелектуалната дебата околу проблемот, одговорот речиси секогаш е 'стискај на кочниците.' Заради поставеноста на системот ти си многу посигурен околу работите што се пред тебе, во исто време ти имаш многу попрецизна контрола кога притискаш на кочниците, отколку кога да се обидуваш да избегнеш нешто," објаснува главниот инженер на проектот во Икс, Ендру Четхем.
Моралниот тест што го имавме на сајт е направен како дел од истражување објавено во журналот Сајанс. Единствениот заклучок на научниците од кумулативните резултати од тестот е дека "луѓето се неконзистентни - дури и кога се во прашање нивните лични ставови."