Марсио Митолиас живее во свој замок во Рио Де Женеиро. Замокот е на локација од која нема подобра, не на прва туку на нулта линија до морето.. Па сепак, не дал ништо, ни на градот ни на државата, ни за комуналии, ни за кирија, ни за маркици и слични урбанистички товари.
Елем, замокот на Марсио е од песок.
„Цел живот го имам поминато на плажа. Не можам да им се начудам на луѓето колкави пари даваат да живеат покрај водата. А јас, фала на прашање, овде живеам сосема добро“, вели човекот кој нејќе да се малтретира со градежната мафија или градските лакомци и е во меѓувреме станат туристичка атракција
Рио во меѓувеме преживува една контроверзна гентрификација, процес во кој во името на напредокот, многу места од фавелите биваат проголтани од градежните финансиери и добиваат нов лик, прилагоден на оние кои имаат пари да купат апартман во новите блокови.
Многумина од оној чемер по фавелите (да потсетиме, не е само чемер) секојдневно стравуваат дека ќе го изгубат својот керпич и ќе бидат преселени. Можеби стравува и Марсело ама за него лесна работа. И да решат да го тргнат од таму, ќе мрдне стотина метри подолу и ќе си изгради нов замок. И затоа е цар, без наводници.