Нe да сме сиромашни, на земјава не ѝ се исплати што нè држи

За да бидеш во најбогатите 1% во САД потребно е да живееш во домаќинство кое има приходи од над 430.000 долари годишно, и заради недостижноста тоа и не е некоја метрика која нè потресува. Проблемот е со најсиромашните, кои пак изгледаат далеку.

Парите што ги заработуваат најбогатите во САД изгледаат фасцинантно и за тамошна публика. Сумата од 430.000 долари, колку што е потребно за влегување во 1%, е 7 пати поголема отколку медијаната вредност на американскиот годишен приход, која изнесува 59.000 долари.

Кога приходите по домаќинство ќе се поделат по колони од 10 илјади долари, најголема излегува колоната со приходи меѓу 20 и 30 илјади долари, на второ место е колоната 10 и 20 илјади долари, а со мало заостанување на трето е колоната 30 до 40 илјади долари. На секоја од овие три отпаѓаат нешто повеќе од 9 или нешто помалку од 10 проценти од американските домаќинства.

Бројките се базираат на податоците од американскиот завод за статистика од 2016.

Што се однесува на кривата на заработувачка таа речиси по цела своја должина расте некако разбрано, за во крајните 10 проценти да и се случи нагло ракетирање до достигнувањето на лимитот за 1%.

11 мај 2018 - 10:49