Вести

Европската автомобилска индустрија сама си ја копа дупката

Кризата во автомобилската индустрија во Европа не е само последица на кинеската конкуренција, слабата побарувачка и поскапата енергија. Производителите предолго инвестирале во мотори со внатрешно согорување, краткорочна профитабилност и дивиденди, а предоцна во производство на батерии, електрификација и развој на софтвер, заклучуваат економисти на Allianz.

Се претерува со дијагнозите за АДХД заради бенефиции

Системот за социјална помош во Британија е една од главните причини за огромното зголемување на бројот на дијагнози на аутизам и АДХД. Медицинските потврди отвораат порта кон финансиски стимулации, лични бенефиции и поддршка во училиштата и работните места. Ова има несакани последици, затоа што дијагнозата може да стане дел од идентитетот.

Американските тинејџери го отфрлаат ЛГБТ идентитетот

Анализа на неодамна објавените податоци од Центрите за контрола и превенција на болести покажува нагло опаѓање на бројот на млади тинејџери во Америка кои се идентификуваат како лезбејки, геј или бисексуалци. Меѓу девојчињата во деветто одделение бројките се преполовени. Политиката на администрацијата на Трамп веројатно има влијание, но не е единствениот фактор.

Речник

Оделото го откри Трамп колку му е Америка на прво место

Доналд Трамп даде уште еден повод да го викаат евтин лажов и лицемер откако за време на предизборен партиски митинг во Небраска, несакајќи откри од каде ги купува неговите костуми. Се работи за нискобуџетниот бренд Jos. A. Bank, кој ја произведува својата облека во земји како Кина и Бангладеш.

Трамп ги отвори секташките рани на Блискиот Исток

Доналд Трамп неодговорно си поигрува на Блискиот Исток со сили кои не ги разбира, што може да доведе до катастрофални последици. Ги разгоре длабоките секташки тензии вкоренети во Либан, Сирија и Ирак, па сè до Јемен и Бахреин на другиот брег на Заливот. Нови граѓански војни ќе испратат нов бран бегалци кон Јордан и Турција, а потоа и кон Европа.

ЧетГПТ, Клод и Џемини решаваат изборни трки

Јазичните модели со вештачка интелигенција се „воспитани“ да бидат политички неутрални, но може да имаат огромно влијание врз исходот од изборите во САД за пратеници, сенатори и гувернери во ноември. Приближно една петтина од возрасните Американци се изјасниле дека се консултираат со чет-ботови за да следат вести за изборите и да споредуваат кандидати.

Арапска зима

Ако Хосни Мубарак нешто згреши пред да биде соборен од власт тоа е што не беше уште повеќе репресивен и насилен, новите власти во регионот нема да ја направат таа грешка, барем така тврдат луѓето што моментално се дел од новите власти.

Две генерации луѓе потепаа пола планета

Човечката интервенција во просторот го носи останатиот жив свет во таков размер на уништување и геноцид кој не е виде претходно. Ние сме првата генерација која го знаеме тоа и последната која може да стори нешто пред да е предоцна.

Елон Маск сака да ве спаси од резилот на возење електричен скутер

Првиот човек на Тесла лично го отфрлил барањето на своите вработени компанијата да почне да произведува електрични скутери, со објаснување дека на тротинетите на батерии не се достоинствени.

Вдоми, не купувај

За возврат, тој вдомен новинар ќе биде благодарен цел живот, или барем додека на стопанот му трае мандатот...

Путеру, путеру

Една многу примамлива логика вели дека путерот (и останати заситени масти како месо, сало, млечни производи) се погрешно осудувани како штетници, и дека целата вина треба да падне на шеќерот. Не е баш така како што звучи.

Црвената зона во Амстердам ќе се празни заради туристи

Сексуалните работнички од Амстердам ќе се поттикнуваат да ја напуштат Црвената зона, едно за добро на градот за да се олабави гужвата, второ за нивно добро бидејќи сегашната локација е преполна со туристи џаболебари што само блеат и зјапаат по излозите правејќи ја работата на девојките неподнослива.

Оставете го Апу на раат

Баскар Сункара е еден од основачите на левичарскиот Јакобин магазин и Американец со индиско потекло, и како таков неговиот апел е Апу да не биде отстранет од Симпсонови.

Нема живот за малите, онаму каде што големите си ги мереле

Земјите кои за време на Студената војна беа на линијата на фронтот помеѓу САД и СССР,  сега се потполно небитни и заборавени a деновиве им се случува тотален општествен колапс и масовен егзодус на населението. Чисто да се доежиме од онаа оценка на американскиот секретар Џон Кери дека Македонија е на „линијата на огнот“ меѓу Вашингтон и Москва.

Републиканците и Демократите имаат различни сексуални фантазии

Она што ги спојува двата спротивставени политички табора во САД е што имаат сексуални фантазии со ист интензитет. Ама кога станува збор за содржината, тука веќе сериозно се разликуваат и тој избор изгледа има врска со нивните партиски и иделошки вредности. Не сме особено љубопитни да ги откриваме локалните сдсм-вмро специфики бидејќи некако е јасно кој во нивните глави е ебаната страна.

Меркел во вистинско време кажа ауфидерзен

Ретко кога Ангела Меркел звучела толку искрено и отворено. Ова беше јасен говор, беше чесен говор. Беше толку упадливо мудар говор што речиси и ќе поверуваш дека откако таа ќе се повлече од раководење со партијата, таа сака и ќе остане канцелар на Германија до следните избори.

Италија ќе дава нива за трето дете

Наместо стандардните парични надоместоци, Италија ќе се обиде да стимулира многудетни семејства со делење државно земјоделско земјиште.

Најдобри нозе на светот има гнуто

Овие краволики антилопи баш и не ги краси памет; реакциите им се предвидливи а бегањето праволиниско. Но биопсија на нивните ножни мускули покажува дека имаат тие со што да се гордеат. И дека во право биле старите кога викаат „кој нема во главата, има во нозете“.

Лос Анџелес или ќе плати милијарди или ќе го снема во океан

Градот и неговата околина од прва рака ќе имаат можност да се запознаат со последиците од глобалното затоплување и кревањето на нивото на океаните, доколку во најскоро време не почнат да работат на проблемот.

90% Грци веруваат дека нивната култура е супериорна

Речиси 9 од 10 Грци сметаат дека грчката култура е супериорна а три четвртини сметаат дека за да се биде Грк мора да се биде православен. Тие и такви сега ќе ни ги прегледуваат учебниците и ќе ни кажуваат како ние сме живееле во илузии.

100 размени на територии по туѓ грб не болат

По повеќе од деценија војни тука и деценија судења во Хаг, уредничкиот колегиум на Фајненшл тајмс иднината на Србија и Косово ја гледа во етнички чисти територии кои би се добиле со размена на територии меѓу двете страни, што е токму точката од која воопшто почнаа сите злотвори на овие простори.

Сорос на телефон побарал од Ципрас да му даде отказ на Варуфакис

Во разговор на грчката Скај ТВ Варуфакис изјави дека Џорџ Сорос лично му се јавил на Ципрас во јули 2015 и побарал смена на тогашниот министер за финансии. Инаку, мандатот на Варуфакис заврши на 6-ти јули 2015.

За 6 години Дизни ги извади милијардите што ги плати за Лукасфилм

Една од најголемите бизнис зделки на 2012 беше купувањето на Лукасфилм за кој Дизни плати нешто над 4 милијарди долари. 4-те филмови од Ѕвездени војни што Дизни ги објави од 2015 до денес само од кино-влезници имаат донесено 4,8 милијарди долари.

Додека не си се изгорел и на алкална вода

Пред да добие залет и религиозно посветени следбеници, авансно да проговориме за нешто што се вика - алкална вода. Производот треба да е нешто на раб на еликсир на животот, и во јавност има силен грб (Бијонсе, Том Брејди), а во науката не баш.

Саво Радусиновиќ, апостол на кафеаната и на секое друго место во кое е тешко да се постои

Што е тој таен сос кој од Саво прави некрунисан цар на емотивниот Вавилон?

Британија е многу, многу назад со брегзит

Бегалката од ЕУ на пет месеци пред брегзит има одново склучено само 14 од 236-те меѓународни договори што ЕУ ги има потпишано со земји низ светот, а Британија како членка активно ги користи.

Твитер треба да го укине ретвитот

Зошто? Затоа што „опцијата го исфрла од шини секој здрав разговор и ги лови најлошите инстинкти на корисниците“.

Силициумската долина закачена на саудиска цицка

Последната истрага на Вол стрит журнал покажува дека Саудиска Арабија е најголемиот извор на финансирање за американските технолошки компании. Само од почетокот на 2016, саудиското кралско семејство инвестирало над 11 милијарди долари директно во американски стартапи.

Апу ќе го пудат од Симпсонови

Еден од најдрагите ликови во култната серија најверојатно тивко ќе го снема од Симпсонови. За да немало контроверзи. Убаво вика Мат Греининг: „Живееме во време кога луѓе обожаваат да се преправаат дека се навредени“.

Влезница по цена на раат

Билетар во парк во Токио започнува сопствена програма на гратис влезници во која единствен критериум е да си странец.