„Сорос само еднаш има кренато телефон за мене. Кога му се јави на Ципрас во јули 2015 и побара да бидам сменет,“ изјавил Варуфакис.
Изјавата не е дел од стандарден напад на Сорос, туку поранешниот министер само го објаснува односот што ги имал со милијардерот, изјавувајќи дека тоа е прв и последен контакт со него.
И во 2015 кога опозицијата го сомничеше Варуфакис за неговите постапки околу кредиторите и справувањето со кризата, професорот изјави дека едвај чека да има истрага за неговото работење, „па ако сакаат и на воен суд нека ме носат“.
Во вчерашното гостување Варуфакис го нападна Каменос нарекувајќи го „нео-фашист“ кој го користи името на Сорос за сопствена агенда (последно за договорот за менување на името на Македонија), кој припаѓа на „нова сорта на популисти, и екстремни крајни десничари, како Орбан и Салвини“. Каменос претходно тврдеше дека Варуфакис е „вработен“ на Сорос.
Извадок од книгата на Варуфакис во кој се опишува моментот кога Сорос бара тој да биде отпуштен: