Иницијативата е на градоначалничката и предвидува издавање дозволи за работа вон Црвената зона. Според повеќе градски советници „жените кои работат во областа се повеќе имаат проблем да заработат за живот, и наместо тоа се предмет на ѕверење и навреди од туристите“.
Во поддршката за планот се објаснува дека со селење вон Црвената зона сексуалните работнички „ќе можат анонимно да работат, ослободени од туристите кои постојано ги фотографираат“.
Забелешките се базираат на поплаки од самите жени кои работат во јавните куќи распослани во областа. Освен ова се повеќе девојки наоѓаат работа преку интернет, па прозорите во Црвената зона остануваат празни.
Проституцијата во Холандија е легална уште од 2000-та, а од сексуалните работнички се очекува да плаќаат даноци. Сопствениците на секс бизниси мора да добијат дозвола за работа и да ги почитуваат локалните закони.