Вдоми, не купувај

За возврат, тој вдомен новинар ќе биде благодарен цел живот, или барем додека на стопанот му трае мандатот...

Еднаш кастриран, стерилизиран и вакциниран, ќе биде тој новинар верен и лојален. Нема да лае, нема да гризе или со р'жење да покажува заби, ќе објавува сè што од него се бара или секое сабајле послушно ќе составува соопштенија, изјави и статуси на Твитер и Фејсбук.

А од својот сопственик ќе бара само малку повеќе внимание, чешкање позади уво или мала куќичка во дворот, или барем стан на Шалата. И еднаш месечно да го прошетаат по некој економски форум во Дубровник, туристички саем во Вроцлав или европски самит во Брисел.

За возврат, тој вдомен новинар ќе биде благодарен цел живот - или барем додека на стопанот му трае мандатот - и никогаш нема да се побуни ако за некој или нешто му се забрани, нели, она што домашните новинари и онака го прават. Значи: На мочање!

Борис Дежуловиќ

3 ноември 2018 - 08:16