Управата на паркот-градина Синџуку Гјо-ен дури неодамна сфаќа дека 70-годишниот билетар повеќе од 2 години на странци не им наплаќа влезница.
За ваквата пракса човекот има алиби зад кое целосно застануваме и го поддржуваме: не му се разговара со странци.
Со цена на влезница од околу евро и пол по човек, се проценува дека штетата од некомуникативноста на билетарот е нешто помалку од 200.000 евра.
Неговата желба да не прозбори со странец оди до таму што од колегите бара да интервенираат во базата за продажба на влезници и да ја коригираат разликата меѓу запишаната и вистинската продажба.
Откако е фатен човекот поднесува оставка на позицијата, но не се соопштува што мерки се преземени против него за надополнување на минусот.