Зделката, стандардно проследена со човечки драми и срцепарателни приказни на хардкор фановите на Ѕвездени војни, инаку главниот продукт на Лукасфилм, беше заклучена на 30-ти октомври 2012.
Во ваквата весела математика за ќарот на Дизни не се влезени парите што компанијата ги троши на снимање и промоција на филмовите, ама па од друга страна не се влезени ниту останатите извори на приходи од играчки и слична опрема, до лиценцирање, продавање права за емитување, продажба на ДВД-а и слични формати.
Паралелно со филмовите, зделката е основа на планот за пуштање на два „Стар ворс ленд“ паркови во Калифорнија и Флорида, кои следната година треба да почнат со работа.
Дури и најнеуспешниот филм од Ѕвездени војни, Соло, кој освен за неуспех беше прогласен за почеток на крајот на франшизата, не е успешен само во споредба со останатите филмови на Ѕвездени војни, инаку сам по себе донесе нешто помалку од 400 милиони долари.
Лукасфилм е зделка на ЦЕО-то на Дизни, Боб Ајгер, кој претходно во 2006 го купува Пиксар за 7,4 милијарди долари, а во 2009 го купува и Марвел ентертејмент за 4 милијарди долари. До сега приходите од кино-влезници за 20-те филмови на Марвел изнесуваат 17 милијарди долари, додека Пиксар за 13 филмови има донесено 13,2 милијарди долари.