Ваквите совети и заклучоци мора да бидат во соодветен контекст, па така и кога се вели дека заситените масти не се штетни клучно е да се знае дека под тоа се подразбира дека тие не се штетни во споредба со незаситените, и дека не се штетни во ограничени количини.
И покрај рехабилитацијата на путерот, СЗО и повеќе официјални здравствени организации непоколебливо инсистираат дека заситените масти се во ред во скромни количини како дел од балансирана исхрана, меѓутоа да се има предвид дека тие и понатаму се штетни за здравјето и дека не треба исхраната да се базира на нив.
Заради обидот заситените масти да се амнестираат од нивната опасност по здравјето, минатата недела над 170 британски академици потпиша писмо во кое Британскиот журнал за спортска медицина се обвинува за пристрасност заради текст објавен во 2017 во кој во основа повикува заситените масти да не се поврзуваат со срцевите заболувања. Во ланскиот текст се тврдеше дека заситените масти не ги затнуваат артериите, и дека секоја опасност од тоа може да се надмине со пешачење по 22 минути на ден, и јадење вистинска храна.
Веднаш по текстот објавен во април 2017, неколку научници од оксфордскиот Центар за медицина базирана на докази, напишаа текст во кој се побиваат сите тврдења на оригиналниот напис, меѓутоа журналот во прво време не го објави овој текст, за потоа да го објави и да го направи достапен само за претплатници, додека оригиналниот напис и понатаму е бесплатен.
„Тврдењето дека нивоата на холестерол не се причински поврзани со кардиоваскуларните болести (што навистина е во исти рамки како да тврдиш дека пушењето не предизвикува рак) се фактички погрешни,“ објаснува професорот на Оксфорд, Рори Колинс, кој верува дека на луѓето кои ја негираат штетноста на холестеролот не треба да им се дава платформа за изразување, исто како што некои научници повеќе не дебатираат со оние што се скептични околу климатските промени.