„Имаше некои вработени во компанијата што сакаа да направиме електричен тротинет, ама мојот одговор беше ’НЕ’.
Му недостасува достоинство,“ објаснил Маск во интервју за Рекод.
Интервјуто го прави извршната уредничка на Рекод, Кара Свишер, кој како корисник на електричен тротинет не се согласува со Маск. Во продолжение на овој дел од разговорот:
„Свишер: Не, не им недостасува достоинство.
Маск: Да, им недостасува.
Свишер: Абре не им недостасува достоинство, за што зборуваш?
Маск: Си пробала ли некогаш да возиш едно од тие чудата? Тие...
Свишер: Да, цело време ги возам, и изгледам фантастично.
Маск: Не, не изгледаат така, ти си под товар на илузија.
Свишер: Навистина мислам дека изгледам добро, и затоа...
Маск: Тоа е илузија.“
Овој дел од разговорот, Маск го завршува со:
„Електричен велосипед, мислам дека ќе произведеме електричен велосипед.“
За тоа што има да каже Маск на многу поважни теми, тука го имате целото интервју.
Или слушајте го: