„Дете за земјиште“ програмата е влезена во предлог буџетот за 2019, и оваа финансиска конструкција ги опфаќа сите родители кои ќе имаат трето дете во периодот од 2019 до 2021. Земјиштето не е во трајна сопственост и ќе се дава на период од 20 години.
Освен ниви, овие семејства се квалификуваат и за кредити до 200.000 евра без никаква камата. Изборот е на семејството дали ќе избере земјиште или пари.
Истата понуда важи и за лица кои не се родени во Италија но најмалку 10 години се жители на земјата.
Италија минатата година имаше рекордна ниска бројка на новороденчиња од нешто повеќе од 460.000 илјади.
Во исто време италијанската држава поседува земјоделско земјиште (над 480 илјади хектари) во вредност од околу 9,9 милијарди евра. Според критичарите на предлогот, најголемо дел од парцелите се земјиште кое никој не го посакува и властите сакаат да се ослободат од него.