89% од Грците сметаат дека грчката култура е супериорна во однос на сите други култури, покажува истражувањето на Институтот Пју, изведено во периодот 2015-2017 година, учествувале 56.000 полнолетни лица од 34 земји во светот а одговорите се поделени во три региони: западна, централна и источна Европа.
Студијата открива значајни разлики колку источните а колку западните Европјани им придаваат важност на религијата, односот кон малцинствата и други важни социјални теми.
Три четвртини Грци сметаат дека да се биде православен христијанин е суштински дел од тоа да се биде вистински Грк. Во таа земја само 31% од луѓето би прифатиле муслиман во своето семејство. Во Шпанија е 54% а во Холандија 88%.
На сличен начин Грцит се врзани и со својата националност. 76% ја сметаат за важна или за многу важна. Само Ерменците (82%), Грузијците (81%) и Србите (78%) се пред нив на оваа тема а на другиот крај на листата се Латвијците со само 11%.
Грците се во самиот врв и кај оние кои веруваат дека имаат суперориорна култура во однос на другите. Такви се дури 89% Грци. За споредба, само 20% Шпанци го мислат истото за својата култура.
Истополови бракови се прифатливи за секој четврти Грк (26%). На таа тема Швеѓаните се 88% а најтврди се Грузијците каде ќе најдете само 3% луѓе кои на брак на луѓе од ист пол гледаат позитивно.
Околу абортусот Грците се поделени 52% сакаат тој да биде нелегален, 42% се за.
Истражувањето детектира генерална дефанзива на христијанството. Од 83% Белгијци кои биле одгледани како христијани, 55% од нив моментално ја практикуваат верата. Во Норвешка од 79% пораснати како такви, само 51% денес се идентификуваат како христијани.
Не и во Грција. Тие генерално се едни од најрелигиозните луѓе во Европа. 55% ја сметаат религијата како многу важен елемент во нивните животи. 38% одат на религиозен „сервис“ барем еднаш месечно 29% со молитви се подмачкуваат секојдневно. Во Естонија само 6% од луѓето сметаат дека религијата им е битен дел од животот.
Види и: