Британците 20 години бркале руски крт во МИ6

Според дојава на ЦИА, британската разузнавачка агенција имала двоен шпион во своите редови кој работел за Русите. Ја започнале најобемната и најскапа нивна истрага после Студената војна за да ја најдат кртицата. Дваесет години го барале, ништо. Човекот кој им бил сомнителен во меѓувреме заминал во пензија. Руските шпионски операции тогаш ги водел Владимир Путин. 

Британските разузнавачките служби имале една од најчувствителните и најризични истраги од Студената војна поради стравувања дека висок офицер во службата за надворешно разузнавање MI6 е двоен агент за Русија.

Обемната потрага по шпионот, наречена Операција „Свадба“, ја водеше сестринската агенција МИ5, која имала дедицирано 35 луѓе на оваа мисија.

Во една или друга форма истрагата траела 20 години, но МИ5 не можел да утврди дали британското разузнавање имало руски шпион и кој бил тоа. 

„Мислевме дека имаме уште еден Филби во нашите редови раце“, вели извор на Гардијан, осврнувајќи се на Ким Филби, озлогласениот двоен агент на МИ6, кој беше дел од група Британци регрутирани од Советскиот Сојуз, позната како шпионски круг од Кембриџ.

Истрагата на МИ5 започна во 1990-тите и продолжила барем до 2015 година. Во меѓувреме, офицерот што бил таргет на „Свадба“, го напуштил МИ6, кој во тоа време вработувал 2.500 луѓе.

Дојавата за двоен шпион дошла од американската ЦИА. Им кажале дека се работи за висок функционер, со широк пристап до информации.

За време на дел од истрагата, тајната разузнавачка служба на Русија, ФСБ, ја водеше Владимир Путин.

28 јуни 2025 - 16:15