И Тексас не е најзадоволен од Трамп

Трамп имаше импозантна поддршка на почетокот на неговиот втор мандат но реалноста не може да ги задржи тие бројки, особено што тој не успеа да одржи неколку клучни предизборни ветувања, дека брзо ќе ѝ стави крај на војната во Украина или дека Америка веќе нема да се плетка во странски конфликти. Сепак, рејтинзите и натаму не му се лоши, особено ако се знае дека Буш едно време имаше 25% а Труман само 22% поддршка за време на мандатот. 

Последните сондажи на јавните мислења во САД покажуваат дека е паднат рејтингот на актуелниот претседател. 

Неделава имаше едно истражување, претходно во месецот уште едно, за Трамп резултатите не се најсјани. Во меѓувреме се случи промоција на  "Големиот прекрасен закон", распоредувањето на Националната гарда по протестите во Лос Анџелес, Иран....

Според последната анкета спроведена од „Емерсон колеџ“ (пред Иран), 45 проценти од гласачите го одобруваат Трамп како претседател, 46 проценти не го одобруваат, а девет проценти не се сигурни. 53% од Американците проценуваат земјата е „на погрешен пат“, а 48 проценти мислат спротивно.

Уште поинтересна е анкета на Универзитетот во Тексас која покажува дека поддршката за Трамп таму е падната на 44 проценти, а 51 процент не го одобруваат. Оваа анкета е особено значајна поради тоа што државата е традиционално републиканско упориште.

 

28 јуни 2025 - 16:49