
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, оцени дека новиот систем за дистрибуција на помош во Газа е „суштински небезбеден и „убива луѓе“.
Илјадници Палестинци речиси секој ден се редат за да добијат храна според новиот систем управуван од Хуманитарната фондација Газа (ГХФ). Таа е поддржана од Израел и САД, започна операции кон средината на мај.
„Во мај, Нетанјаху рече дека ќе ја прекине опсадата, но ќе ја преземе дистрибуцијата на помош преку „Хуманитарната фондација Газа“. Таа ги замени 400-те места за дистрибуција на храна на ОН со четири“, во Газа, криминали нa векот)
Многу критичари, меѓу кои и луѓе од ОН велат дека новиот начин на дистрибуција на помошта, израелските сили ја користат храната како оружје. Според ОН, повеќе од 400 Палестинци се убиени додека барале помош на локациите на ГХФ.
Со оваа фондација, Нетанјаху ги бајпасираше и самите Обединети Нации и другите невладини кои учествуваа во делење на хуманитарна помош, со објаснување дека таа помош често завршувал во рацете на Хамас.
Гутереш призна дека хуманитарните напори предводени од ОН во Газа се „задушени“ и дека и самите хуманитарни работници гладуваат.
„Луѓето се убиваат обидувајќи се да се прехранат себеси и своите семејства. Потрагата по храна не смее да биде смртна пресуда“, рече Гутереш.
За директно убиените цивили на хуманитарните пунктови, израелската војска честопати тврдеше дека војниците пукале само предупредувачки истрели над главите на луѓето. Но, левичарскиот израелски весник „Хаарец“ објави дека во војската е наредена истрага за можни воени злосторства поради наводи дека израелските сили намерно пукале врз палестински цивили во близина на местата за дистрибуција на помош.