Вести

Европската автомобилска индустрија сама си ја копа дупката

Кризата во автомобилската индустрија во Европа не е само последица на кинеската конкуренција, слабата побарувачка и поскапата енергија. Производителите предолго инвестирале во мотори со внатрешно согорување, краткорочна профитабилност и дивиденди, а предоцна во производство на батерии, електрификација и развој на софтвер, заклучуваат економисти на Allianz.

Се претерува со дијагнозите за АДХД заради бенефиции

Системот за социјална помош во Британија е една од главните причини за огромното зголемување на бројот на дијагнози на аутизам и АДХД. Медицинските потврди отвораат порта кон финансиски стимулации, лични бенефиции и поддршка во училиштата и работните места. Ова има несакани последици, затоа што дијагнозата може да стане дел од идентитетот.

Американските тинејџери го отфрлаат ЛГБТ идентитетот

Анализа на неодамна објавените податоци од Центрите за контрола и превенција на болести покажува нагло опаѓање на бројот на млади тинејџери во Америка кои се идентификуваат како лезбејки, геј или бисексуалци. Меѓу девојчињата во деветто одделение бројките се преполовени. Политиката на администрацијата на Трамп веројатно има влијание, но не е единствениот фактор.

Речник

Оделото го откри Трамп колку му е Америка на прво место

Доналд Трамп даде уште еден повод да го викаат евтин лажов и лицемер откако за време на предизборен партиски митинг во Небраска, несакајќи откри од каде ги купува неговите костуми. Се работи за нискобуџетниот бренд Jos. A. Bank, кој ја произведува својата облека во земји како Кина и Бангладеш.

Трамп ги отвори секташките рани на Блискиот Исток

Доналд Трамп неодговорно си поигрува на Блискиот Исток со сили кои не ги разбира, што може да доведе до катастрофални последици. Ги разгоре длабоките секташки тензии вкоренети во Либан, Сирија и Ирак, па сè до Јемен и Бахреин на другиот брег на Заливот. Нови граѓански војни ќе испратат нов бран бегалци кон Јордан и Турција, а потоа и кон Европа.

ЧетГПТ, Клод и Џемини решаваат изборни трки

Јазичните модели со вештачка интелигенција се „воспитани“ да бидат политички неутрални, но може да имаат огромно влијание врз исходот од изборите во САД за пратеници, сенатори и гувернери во ноември. Приближно една петтина од возрасните Американци се изјасниле дека се консултираат со чет-ботови за да следат вести за изборите и да споредуваат кандидати.

Зошто само 2% од Кинезите плаќаат данок на приход?

На сите работи што Кина успева да ги спроведе и исконтролира на своја територија и меѓу свој народ, никако да дојде ред да ги натера луѓето да почнат да плаќаат данок.

Дали палминото масло е веганско?

Тоа е само една, и тоа една од полесните дилеми околу овој широко употребуван производ, еден од оние од кои се очекуваше да ја спаси планетата а наместо тоа, покрена сериозни еколошки штети. ЕУ е на пат да го забрани, барем за гориво

Никогаш не е доцна ама прерано знае да биде

Човекот кој ги измисли и прв ги патентираше електронските цигари денес има 87 години, живее во Флорида и нема ни цент земено од изумот околу кој денес се врти индустрија тешка десетина милијарди долари. Човек не треба да биде многу пред своето време. 

Европа никогаш нема да биде врвна гео-политичка сила

Избегнатата авионска несреќа на Ангела Меркел е одлична метафора за насоката во која се движи нејзината идеја за европска армија. Меркел беше присилена да фати лет на Иберија од Мадрид за да стигне на Г-20 самитот во Буенос Аирес.

Франција укинува делење „воспитни“ на деца

Законот со кој се воведува забрана за родителите да шамараат или ќофтаат деца мина во Долниот дом на францускиот парламент, со тоа што останува една од главните слабости на законот дека баш и нема некоја казна за прекршување на забраните.

„Експериментираме со децата“

Без да навлегуваме која од нив е јајцето а која кокошката, две работи, факат, одат рака под рака. Едната е дека темата за транс-луѓето станува сè поприсутна во јавноста, другата дека во последно време, бројот на оние кои се чувствуват заробени во погрешно тело драстично се зголемува. Изминатите 9 години, во Британија, бројот на вакви случаи пораснал за фрапантни 2.500 проценти.

Има зошто „дивите“ се уплашени од мисионери

26-годишниот мисионер решава да го посети племето на островот Северен Сентинел во намера таму да ја шири својата вера и покрај забраната од индиската полиција да се приближи до островот, бидејќи изложеноста на надворешни патогени би можела да го убие изолираните домородци, и предупредувањето од истата полиција дека изолираните домородци најверојатно ќе го убијат.

Претседателот чиј главен проблем е да ги убеди луѓето дека е тој

На Тито му извадија таков муабет откако умре, ама претседателот на Нигерија си ја има маката дур е жив и сè уште на функција.

Дали ќе се згази бабата или бебето? Зависи од каде сте.

Резултатите на „Моралната машина' базирана на познатиот Трамвајски проблем во кој треба да се донесе одлука чиј живот ќе биде поштеден, знаат да бидат изненадувачки и во рамките на едно исто семејство. А сега стигнаа и глобалните резултати.

Трговска војна: Старбакс - Јупорн

Ако во една војна се навива за оној кој не ја почнал, ние навиваме за Јупорн. А и онака. Луѓе помалку нè замараат со чекирање на Јупорн.

Мравките земаат боледување за доброто на фирмата

Кога човек е грипосан или слично, теба да остане пар дена дома, и заради себе и заради другите, да не ги испозарази.Така прават и мравките.

Микрософт стана визионерската компанија, а Епл се заглави во еден производ

Неделава Микрософт го премина Епл како највредната компанија на светот (барем на кратко), подвиг кој оди на контото на првиот човек на Микрософт, Сатја Надела, а се припишува на слабостите на Тим Кук.

Холандска железница ќе плаќа отштета за парите што ги заработила од транспортирање Евреи во конц-логори

Стотици илјади Евреи од Холандија завршуваат во германските концентрациони логори со помош на возовите на холандската железница, која за оваа услуга на Нацистите им наплаќа милиони во Втората светска војна.

Атинските ученици на протести против Македонците од Солун

Претстојниов период ќе имате уникатна шанса во живо да гледате како од нула се создава идентитет на нова нација, штета што тоа ќе биде истиот оној од кој ние се откажавме. Што се однесува на насловот ништо не е погрешно околу него.

Како „Движењето“ на Бенон заглави во Европа

Декларираната цел на Бенон во Европа е „да се прободе колец низ срцето на Брисел“, како дел од борбата против глобалистите, а закажаниот датум за тоа е мај 2019, терминот за избори за Европскиот парламент.

Големо колку Британија, старо колку пирамидите

Неодамна (со сосема кварни намери) во Бразил биле откриени докази за 4.000 години стара „градежна парцела“ која со генерации ја граделе и уште ја градат екстремно највредните неимари кои оваа планета ги познава - термитите. 

Полиција упадна во Дојче Банк

Германската полиција изведе блицкриг операција во франкфуртското седиште на најголемата банка на државата. Се истражуваат сомнежи за перење пари а во акцијата учествувале 170 полицајци.

ЦеБит, шат даун

Најголемиот саем за ИТ на светот на времето собираше публика од 850.000 посетители годишно. На времето.

„Ахиловата пета“ на Германија: конзулатите на Блискиот Исток

Вработени во некои од германските конзулати на Блискиот Исток, директно соработуваат со шверцери на луѓе на кои им продаваат фалсификувани визи за мигранти кои сакаат да влезат во Германија како бегалци, открива германски Шпигел.

Родители, доктори голтале Лего, ништо не им е

Во најблагородната традиција лекарот прво на свој пример да го провери она што им го советува на пациентите, група педијатри голтнале по една Лего коцка, повод по кој често им доааѓаат унезверени родители а тие им викаат да не паничат. И така е, да не паничат.

И над Ел Чапо има Ел Мајо

Делумно изнесување на одбраната, делумно таблоиди, делумно статистика ама муабетот во судењето на Ел Чапо се тера во правец дека „кусиот“ не бил главен во Синалоа картелот, туку само најгаламџија.

Ние сме вработени на Гугл, и Гугл мора да се откаже од Драгонфлај

Ако до сега Гугл ве следеше во свое име и за своја сметка, пребарувачот што го подготвуваат за да можат да влезат на кинески пазар, Драгонфлај, врз ова додава уште еден слој следење овој пат во име на кинеската влада. Вработени на Гугл имаат проблем со ова.

Трамп му објави војна на Генерал Моторс

Откако автомбилскиот диносаурус најави затворање фабрики и отпуштање работници, Трамп најави укинувања на сите поволности кои ги ужива комpанијата, вклучително и субвенциите за електричните автомобили.

Како човештво осудени сме на колони, и тоа е

Од наша перспектива булевари со 6 ленти во еден правец изгледаат како трајно решение на гужвите во сообраќајот. Проблемот е што она што се случува во Лос Анџелес во корен го сосечува ваквиот оптимизам.