Ова е прв случај на железничка компанија да исплати отштета на наследниците на жртви на Холокаустот. Претходно компанијата донираше пари за разни проекти за сеќавање.
Не е познато колку точно луѓе ќе добијат отштета и колку точно пари ќе бидат исплатени.
Од почетокот на германската окупација во мај 1940 па се до ослободувањето на Холандија, во Германија се депортирани околу 107.000 Евреи. Пред почетокот на војната во Холандија живеат околу 140.000 Евреи.
Нацистите регуларно го имаат платено транспортот на Евреи и се проценува дека холандската железница од тоа има заработено, во денешни пари, некаде околу 2,5 милиони евра.
„Железницата ја исполнила германската наредба да обезбеди возови. Германците платиле за ова а железницата се потрудила возовите да се редовни,“ објаснуваат од Меморијалниот центар во Вестерборк.