Популарната порно платформа Јупорн ќе забрани користење на какви било производи на Старбакс во нивните простории како знак на реваншизам за одлуката на Старбакс да забрани гледање порно во нивните кафетерии.
Двата бојкота стапуваат на сила ист ден - први јануари 2019 година.
„Во пресрет на вестите дека Старбакс ќе блокира свои муштерии да пребаруваат и гледаат содржини за возрасни, Старбакс официјално е забранет во деловните простории на Јупорн. Ако имате проблем со оваа забрана, разговарајте со вашиот шеф,“ на меил им пишал на вработените во фирмата потпретседателот Чарли Хјуз.
Инаку, во правилата на куќниот ред Старбакс и досега забрануваше гледање порно содржини но од први ќе почне со нивно директно блокирање на ви-фи мрежата која им е дадена на корисниците.