Се работи за кластер од фасцинантни 200 милиони куполи земја, високи до три метри, кои водат до подземните канали на термитите, со растојание од 18 метри меѓу секоја купола. Сето ова време гигантската парцела била сокриена од шума а луѓето дознаваат за неа откако тој регион дошол на ред за уништување на шумата за потреби на земјоделството и слично.
Целата оваа градежна инфраструктура е дело на само еден вид термити (Syntermes dirus). Во некои од подземните градови сè уште се живее а инструментите покажуваат дека најстарите градби датираат од пред 3.820 години.
Тоа ги прави стари како пирамидите во Газа иако во споредба со нив, вториве ни оддалеку не биле толку амбициозни. Ископаните куполи земја се еквивалентни на материјал доволен за 4.000 реплики на Големата пирамида.
Амбициозноста на градбата се должи на начинот на исхрана на овој вид термити. Се хранат исклучиво со мртви лисја од шумата а бидејќи тие паѓаат еднаш годишно, потребна им е огромна територија за да стигнат до што повеќе храна за преживување.
„Замислете сите супермаркети на светов да се отворени само еден ден. Ќе преживеат само оние ко се способни да стигнат до најдалечните делови на маркетот каде што уште има храна,“ сликовито појаснува еден ентомолог.