Родители, доктори голтале Лего, ништо не им е

Во најблагородната традиција лекарот прво на свој пример да го провери она што им го советува на пациентите, група педијатри голтнале по една Лего коцка, повод по кој често им доааѓаат унезверени родители а тие им викаат да не паничат. И така е, да не паничат.

Шест-член тим педијатри од Велика британија и Австралија  голтнале по едно Лего коцкиче за да можат да следат за колку време и со какви нус-појави тоа ќе го помине нивниот дигестивен систем.

Делчиња од детски играчки се едни од најчестите туѓи тела кои малите деца ги голтаат, предизвикувајќи ужас и паника кај нивните родители. Во најголем број случаи, низ телото минуваат за ден-два, без болки и компликации.

За потребите на ова истражување била изработена стандардна методологија и уникатна метрика:
- индекс на Stool Hardness and Transit (Shat) и
- индекс на Found and Retrieved Time (Fart)

Фарт резултатите - колку време патува објектот низ цревата - изнесувале меѓу 1,1 ден и 3 дена, упросечено за 1,7 дена. 

Другиот индекс покажал дека голтнатото коцкиче не влијае врз конзистентноста и структурата на столицата. Ги споредувале и двата индекса за да видат дали поретка столица влијае врз пролазното време но не наишле на корелација.

Една од педијатрите се надева дека нивните резултати ќе ги потсмират родителите. Според неа, треба да се бара медицинска помош ако детето голтнало остар предмет, поголем од 5 сантиметри, поширок од 2,5 сантиметри, магет, монета, батерија (оние ко копче) или ако има болки. Но малите, мазни, пластични делчиња минуваат лесно и без проблеми низ системот.

Истражувањето е правено за специјално божиќно издание на еден медицински магазин кој во такви  поводи често вади вакви лефтерни истражувања.

Ако едниот родител е паничар а другиот нормален, од истата екипа педијатри, еден бонус совет: Не, не мора да се буричка по она на вашето мало за да се види дали делчето излегло. Ќе излезе, кај ќе оди?

 

28 ноември 2018 - 16:49