Во 1963-та, годината во која Американците исчуруваат тогаш рекордни 523 милијарди цигари, трговец со старо железо од Пенсилванија патентира револуционерна алтернатива.
„Ја нареков Бездимна,“ вели Херберт А. Гилберт за својот мал алуминиумска цилиндер со сребрен врв, првата е-цигара на светот.
Само што, во тоа време никому (гледајте ја Madm Men) не му е поtребна алтернатива на цигарите, особено не револуционерна. Тоа се случува пред надлежните државно-здравствени власти да ги поврзат цигарите со ракот. „Бездимната“ се состои од течност која се загрева со помош на батерија и создава дим кој се инхалира, систем во кој Гилберт многу верувал и за сочувување на здравјето а и во губење на килограмите.
„Испушете ја својата омилена храна“ му бил замислениот слоган за Бездимната која била без никотин но со десетина различни вкуса, меѓу кои нане, рум и неговиот омилен - цимет.
Само што не успеал ама баш никого да заинтересира за масовно производство на неговиот пронајдок, што го сврстува во редот на оние пронаоѓачи кои не направиле ништо со своите генијални изуми само затоа што не им било дојдено времето.
55 години подоцна од неговиот патент, индустријата за електронски цигари на глобално ниво вреди 10 милијарди долари а Гилберт никогаш нема земено пари за патентот чиј рок одамна е поминат.
Но барем му признаваат дека бил прв. Стотици пати е цитиран од други изумители, меѓу кои и од Хон Лик, кој се смета за официјален татко на електронската цигара.
Денес Гилберт вели дека му е доволно што го поврзуваат со пронајдок кој на некои луѓе им има помогнато да се откажат од цигари и дека најголемото признание му е личното задоволство што помогнал да се спасат милиони животи.