Организаторите на ЦеБит објавија дека саемот кој секоја година се одржува во Хановер е откажан за 2019 и понатаму, а како фактори за ова ги наведоа намалениот број посетители и намалениот закуп на простор од изложувачи.
Пораката од организаторот беше:
„Во иднина веќе нема да има ЦеБит во Германија.“
Најверојатно во иднина ЦеБит ќе се припои кон некој сличен саем на тема технологија кој ќе се одржува на саемот во Хановер.
Во Германија ова се доживува како уште еден показател за се помалото влијание на земјата врз технолошкиот сектор.
За разлика од рекордот, годинава Саемот успеа да собере околу само 120.000 посетители.