Својот говор за европска армија Меркел веројатно требаше да го одржи во Бундестагот, а не во Европскиот парламент, и да се фокусира на она што Германија треба прво да го направи: да се справи со хроничното недоволно инвестирање во армијата и историската одбивност да одвои војска за воени мисии кои владата инаку ги поддржува.
И покрај немањето заедничка армија, ЕУ има моќни гео-политички алатки. Европската економска заедница започна со заедничка надворешна комерцијална политика потпишана во 1957. Договорот од Мастрихт 35 години подоцна ги создаде инструментите за заедничка надворешна и безбедносна политика и за монетарна унија. Меѓу нив, договорите за трговија и еврото веројатно се најмоќни.
Со воведувањето во 1999, еврото веднаш стана втората најголема валута за државни резерви, за наплаќање и меѓународни финансиски трансакции. Меѓутоа тоа никогаш не дојде ни близу да му биде конкурент на доларот. Неговото далечно второ место беше свесен избор. Лидерите на ЕУ секогаш повеќе беа загрижени за внатрешната стабилноста на монетарната унија - цени и фискална стабилност - отколку за потенцијалот на валутата да биде искористена како алатка за надворешната политика.
Но во тоа време, надворешната безбедносна мрежа на најголемиот дел од ЕУ членките ја опслужуваше НАТО. ЕУ немаше никакви етички сомнежи околу глобалниот дебаланс кој се појави на почетокот од 2000-те. САД со задоволство го чистеше вишок заштеди на ново-индустријализираните држави, а потоа, и на еврозоната. ЕУ со задоволство се шлепаше и воено и економски.
Америка прва, кампањата на Трамп ја погоди Европа како гром. Тој ја поврза американската посветеност на НАТО со европското одржување на ветувањето за трошење. Тој ја користи инфраструктурата за плаќање на доларот за да ги натера европските компании да ги почитуваат обновените економски санкции против Иран. Тој го поткопува мултилатералниот систем на трговија со тоа што им става дополнителни тарифи на европскиот челик и алуминиум, а наскоро веројатно и на европските автомобили.
Како одговор на ова ЕУ се обидува да создаде возило за специјална намена кое ќе финансира ЕУ компании што тераат бизнис со Иран прекршувајќи ги американските санкции. Меѓутоа ниту една членка на ЕУ не сака ова возило да се наоѓа на нејзина територија плашејќи се дека со тоа ќе го предизвика гневот на американскиот претседател.
Спореди го ова со далеку поробусниот одговор од Русија и Кина. Кога американската администрација ги спречи Виза и Мастеркард да обработуваат трансакции во Русија, руската влада разви алтернативен систем на платежни картички вон американска јурисдикција. Русија исто така создаде алтернативен домашен систем за финансиски пораки.
Целта беше да станат независни од Свифт, чија база е во Брисел, и функционира под ЕУ закони, но е под силно влијание на американската администрација. Кина, исто така, од некоја причина, развива сопствен прекуграничен систем за плаќање меѓу банките. Кина и Русија, подобро разбираат од ЕУ дека треба да станат независни од инфраструктурата за плаќање која се базира на доларот.
Зошто одговорот на ЕУ е блед во според со ова? Комбинацијата на монетарна унија склона на кризи и проширување кое вклучи држави што политички не се подготвени за членство во ЕУ се двете длабоки причини зошто ЕУ е опседната сама со себе.
Меѓутоа и покрај брегзит, приказната околу ЕУ не е за распаѓање, туку за пропуштени шанси. ЕУ имаше свој удел во успехот. Беше клучна во преговарање на нуклеарниот договор со Иран, меѓутоа нема капацитет да го зачува истиот сега откако САД се повлече. Таа прикажа единство при економските санкции против Русија, но останува зависна од Русија за снабдување со енергија. Таа успеа да го одржи единството во преговорите за брегзит, но брегзит е најмал нејзин проблем.
Обледената геополитичка улога на ЕУ е копирана во губењето на нејзиното технолошко водство. ЕУ и понатаму е ден од центрите на глобалното производство на автомобили. Меѓутоа Кина ја претрка во производство на батерии за електрични автомобили, а САД ја води и во батерии и во вештачка интелигенција - и двете технологии на иднината.
Очекувам дека ЕУ ќе се фокусира на зачувување на она што го постигна, меѓутоа ќе се помири со улогата на глобална сила од втор ред и ќе го менаџира своето релативно економско слабеење. И, ако имаме среќа, Брисел дури може и ќе купи бека-ап авион за заглавени лидери.