Грикрипотер објавува текст со наслов „Атинските ученици на протести против Македонците кои се против името на ФИРОМ“.
На прва, без читање повеќе од наслов, ти доаѓа дека студентиве се кренале против протестите кај нас против менувањето на името на државата.
На втора, со читање на цел текст, сфаќаш дека стварно имало студентски контра-протести во Атина, ама Македонците од насловот против кои тие се побуниле всушност се Грците од Солун и Егејска Македонија кои моментално против договорот од Преспа.
Понатаму е лесно за толкување, во Солун се против договорот, во Атина се против национализмот и фашизмот (на овие од Солун), од Сириза тврдат дека ученичките протести на северот од земјата се поттикнати од екстремната десница, а за тоа кои се Македонци допрва ќе се натегаме.
На почетокот од 90-те, само тогаш од еден друг наслов, оној на аеродромот во Солун, во Грција започна бранот на новоосознаена македонштина по што насекаде почнаа да изникнуваат знаци и логоа со името Македонија.