Ако американскиот претседател Барак Обама имаше безвезна афера околу неговото раѓање, претседателот на Нигерија се бори со слична афера околу своето умирање.
Во неговата земја масовно се проширило верувањето дека оној што им се претставува како претседателот Мухамаду Бухару не е тој туку е двојник кој го имаат поставено на чело на државата откако оригиналот има умрено на операција. Двојникот да ти бил од Судан и да ти се викал Џубрил. Приказната која се шири по социјалните мрежи ентузијастички ја подгреваат неговите политички опоненти а вели дека замената се случила бидејќи вистинскиот претседател починал за време на неговиот петмесечен престој во Британија заради лекување.
Видеото кое наводно ја открива измамата вирално се проширила низ Нигерија и станала толку озбилна тема што 87 годишниот Бухару во последно време ја користи секоја прилика да порача дека не е никаков клон. Оние што му го извадиле муабетот ги смета за неверници и игноранти.
Неговото последно соопштение со кое ја коментира аферата има наслов „Тоа сум вистинскиот јас, Мухамамаду Бухару“.
И стварно, незавидна ситуација е тоа бидејќи човек во ваков случај баш и нема многу аргументи за побивање на една таква теорија на заговор освен да повторува дека е оригинал. На што луѓето кои не веруваат во тоа сосема мазно ќе одговорат дека е нормално да не признава пошто е клон.